Студија открива која е најлошата храна за нашиот мозок – целосно го „преобликува“

Точка

24/03/2023

19:10

22.065

Големина на фонт

а а а

Мастите и шеќерот во чоколатцата и слатките го придвижуваат системот на наградување на телото, учејќи го да ги преферира во однос на другата храна, покажува новата студија.

Германските истражувачи ја следеле мозочната активност во две групи доброволци кои добивале јогурти, а една од дадените верзии со овошје содржела масти и шеќери.


Реакцијата на мозокот на храната со висока содржина на масти и шеќери била значително зголемена во групата која го јадела јогуртот со висока содржина на шеќери и масти по осум седмици. Ова особено го активирало делот од мозокот одговорен за мотивација и награда.

Д-р Марк Титгемејер од Институтот Макс Планк за истражување на метаболизмот во Келн, изјавил дека нездравата храна создава „нова врска“ во мозокот од која тешко може да се одвикнете.

„Нашето мерење на мозочната активност покажа дека мозокот се преправа низ консумирањето на масна храна. Потсвесно се учи да преферира храна која наградува. Низ овие промени во мозокот, несвесно секогаш ќе преферира храна која содржи многу масти и шеќери“, појаснил тој.


Претходна студија направена на глувци покажала дека овие промени во мозокот исто така предизвикале повлекување кога им била одземена храна со висока содржина на масти, зголемувајќи го нивото на анксиозност.

Редовното јадење храна со висока содржина на масти може да го зголеми ризикот од гојазност, како и од смртоносни болести на срцето и мозочен удар.




Спонзорирани линкови

Маркетинг