Италијанската пејачка Лаура Паузини стапи во брак по 18 години врска

Кармин

24/03/2023

12:10

5.578

Големина на фонт

а а а

Италијанските музичари Лаура Паузини и Паоло Карта се венчаа по 18 години врска, а според пишувањата на италијанските медиуми, венчавката се одржала на 14-ти март во Рим.

Веста, Лаура ја потврди на Инстаграм, каде објавила видео од церемонијата која се одржала во кругот на најблиските.

„Рековме 'да'. Пред нас е сè што сакаме“, напишала 48-годишната Лаура.

За потсетување, парот ја започна врската во 2005 година, а 8 години подоцна ја добија ќерката Паола. Лаура во едно интервју раскажа дека Паоло ја запросил во 2012 година, но сакале да почекаат со правењето венчавка за нивното девојче да може да ги носи прстените.

Паузини е инаку позната музичарка која снима песни на италијански, шпански, португалски, англиски и француски јазик. Во текот на кариерата освои бројни награди, помеѓу останатото, и онаа за најдобра италијанска изведувачка.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk