Ова е првиот твит кој на Твитер е објавен пред точно 17 години

Точка

21/03/2023

14:31

10.285

Големина на фонт

а а а

Популарната социјална мрежа Твитер е креирана на 21-ви март 2006-та година, а 17 години подоцна ја красат бројни измени.

Твитер заедно го создале Џек Дорси, Еван Вилијамс и Биз Стоун, а истиот ден мрежата почнала со работа објавен е и првиот твит:

„just setting up my twttr“, е пораката која на својот профил ја објавил еден од основачите, Џек Дорси.

Интересно е дека истата порака во 2021-ва година е продадена како NFT за 2,1 милион долари. Меѓутоа, бидејќи NFT и крипто пазарот трпат многу осцилации, вредноста на ова NFT паднала на помалку од 7.000 долари.

Твитер минатата година го промени својот сопственик, кога за 44 милијарди долари го купи Илон Маск. Од тогаш таа социјална мрежа минува низ бројни промени, кои најмногу се фокусираат на функционалноста и претплатничкиот сервис.



Спонзорирани линкови

Маркетинг