Инстаграм vs. реалност: Џеј Ло позирала со сестрите кои ретко се појавуваат во јавност

Кармин

03/12/2022

18:59

7.997

Големина на фонт

а а а

Иако Џенифер Лопез е една од најуспешните и најпознати жени во светот, за нејзините сестри не се знае речиси ништо.

Затоа, не е чудно што фотографијата на која Џенифер позира со сестрите Лесли и Линда изненади многумина.

„Инстаграм vs. реалност“, гласи описот на фотографиите на кои сестрите позираат насмеани.

„Мило ми е што ве гледам заедно“, „Убави сестри“, „Сите изгледате фантастично“, се само дел од коментарите под фотографиите што ги објавила Линда за време на неодамнешната прослава на Денот на благодарноста.

Лесли е најстарата сестра и работи како професорка по музика во училиште во Бронкс, додека Линда е помлада од Џенифер и работи како новинарка во Њујорк.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk