Витаминска бомба од зимница: Рецепт за царска салата која ќе биде ваша кралица зимава

Кармин

30/09/2022

21:00

8.442

Големина на фонт

а а а

Дојде периодот на подготвување зимници, а со тоа и разните рецепти со кои зимата ќе ни биде многу поубава.

Постојат повеќе видови зимски салати, е една од најпопуларните е царската. Таа ќе ве освои со своите бои и вкус.

Рецептот за царска салата е единствен поради начините на подготовка, но и со леснотија се прави, поради тоа оваа витаминска бомба ќе стане вашиот главен адут во текот на зимата.

Состојки:

- 2 килограми пиперки;
- 2 килограми моркови;
- 2 килограми карфиол;
- 2 килограми краставички;



- 1 китка магдонос;
- 200 грама шеќер;
- 240 грама сол;
- 2 чашки вински оцет;
- 1 ќесичка конзерванс;
- Бибер и лук по вкус.

Подготовка:

Сиот зеленчук измијте го, исчистете го и исечкајте го ситно. Така подготвениот зеленчук измешајте го во поголем сад. Важно е оцетот, солта, шеќерот и ќесичките зачини да ги измешате посебно, па потоа да го прелиете над зеленчукот.

Така добиената смеса оставете ја да отстои околу половина час и повремено мешајте за да омекне. Потоа ставете го зеленчукот во тегли и добро затворете го, а пред тоа во него додадете зрна бибер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk