Кога била мала, родителите ја криеле бидејќи била неподносливо убава: Фотографиите од Моника Белучи од минатото се доказ дека времето ништо не ѝ може

Кармин

29/09/2022

11:38

27.215

Големина на фонт

а а а

Славната Моника Белучи ќе го прослави 58-от роденден на 30-ти септември. Таа се смета за најубава жена на денешницата и една од најубавите жени во историјата.

Физичкиот изглед здружен со талентот ѝ донел огромна популарност, но ѝ го отежнувал и растењето.

Моника Ана Марија Белучи, како што гласи името на славната актерка, е родена во градот Чито ди Кастело во Италија. Откако се прославила, нејзините родители Брунела Бриганти и Паскале Белучи откриле дека нејзината убавина привлекува огромно внимание кај нивните сограѓани, па секогаш кога и да се појавеле со неа во јавност, им приоѓале голем број луѓе и ги прашувале како нивната ќерка е толку убава.


Брунела и Паскале со текот на времето се умориле од таквите прашања, па избегнувале да се појавуваат во јавност со Моника односно почнале да ја кријат својата преубава ќерка.

Но, убавината на Белучи не можела да остане сокриена - познатата Италијанка на 15 години зачекорила во светот на манекенството, а во 1989 година им се посветила на часовите по актерство. Една година подоцна ја добила и првата улога, во филмот „Vita coi figli“.


Помеѓу нејзините највпечатливи улоги во кариерата која трае се издвојуваат оние во филмовите „Malena“, „The Matrix Revolutions“, „The Matrix Reloaded“, „Shoot 'Em Up“, „The Apartment“, „Spectre“ итн.

Белучи беше во брак со италијанскиот фотограф со потекло од Аргентина, Клаудио Карлос Басо, како и за францускиот актер Венсан Касел со кој ги има ќерките Леони и Дева, која е се поуспешна манекенка.

Италијанската актерка беше 6 години верена за италијанскиот актер Никола Фарон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk