Двобојни чевли, неутрални блејзери...: 5 модни парчиња без кои Кејт Милдтон не може

Кармин

27/09/2022

11:17

5.973

Големина на фонт

а а а

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, има 5 омилени модни парчиња без кои, наводно, таа не може.

Меган Воткинс, главната стилистка во „SilkFred“ ги открила 5-те омилени модни парчиња на Мидлтон.

Фустани-капути

Кејт долги години наназад носи фустани-капути, а еден ваков модел носеше и на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета.

На погребот на кралицата, Мидлтон исто така носеше ваков фустан - станува збор за црн фустан-капут од модниот бренд „Alexander McQueen“.


„Ваквиот стил е одличен за комбинирање со ѓердан и класични чевли и е одличен начин како да останете модерни и топли“, вели стилистката.


Еднобојни парчиња

Кејт го обожува монохроматскиот стил, а тоа значи облекување од глава до пети во една боја или различни нијанси на истата боја.

Според Воткинс, монохроматското облекување е омилениот стил на принцезата, а често е забележана како носи сако и блуза или сако и панталони во истата нијанса.


Неутрални блејзери

Кејт е наклонета кон едноставните неутрални блејзери кои можат да се вклопат со се и се погодни за носење одново и одново во комбинација со различна гардероба.

Мидлтон ги комбинира блејзерите со панталони, здолништа па дури и фармерки.


Пругасти џемпери

Кејт обожува лежерна облека, а кога приликите го дозволуваат тоа, таа сака да се облекува поопуштено. Едно од омилените парчиња ѝ е пругастиот џемпер со наутичка тема.

„Пругастите џемпери се безвременски парчиња и треба да бидат основен дел од секоја есенска гардероба“, советува стилистката.


Двобојни чевли

На финалето на Вимблдон, Мидлтон носеше темносин фустан со точки, а оваа уникатна комбинација ја надополни со чевли чии врвови биле темносини, а остатокот беж боја.

„Омбре или двобојните чевли треба да бидат дел од облеката бидејќи ја прават секоја комбинација живописна и впечатлива“, вели Воткинс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk