Кралица на есенската мода: Миди кожно здолниште за секојдневни изданија

Кармин

23/09/2022

15:27

5.556

Големина на фонт

а а а

Помеѓу годишните времиња, кога е премногу топло за големо палто, но доволно ладно за слоевитост, обично ги гледаме алиштата во плакарот и заклучуваме дека немаме што да облечеме. Сепак, постои една облека која сега сите можеме да ја носиме без да се замрзнеме или „да се свариме“.

Миди-здолништата, кои паѓаат под колена, може да се носат во текот на есента со чизми, патики и мокасини, а секогаш можеме да си играме со џемпери и големи марами.


Кога ги барате најновите трендови во сезоната, модните писти не се единственото место каде можете да најдете инспирација за облека. Уличниот стил на славните личности е подеднакво инспиративен и исто така зборува за она што ни се подготвува.


Од врвните трендови од Њујоршката модна недела 2022 година, не можевме, а да не забележиме голем број елегантни кожни здолништа.


Изрезот што се протега по должината на ногата или предниот дел не е изненадување, имајќи предвид дека за есен 2022 година, многу дизајнери ја рекреираа елеганцијата на силуетите од 1950-тите.


Што и да облечете горе, кожното здолниште ќе игра главна улога, затоа не двоумете се да инвестирате во најдобрата кожа или подобра реплика.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk