(Видео) Оброк за вистински гурмани: Запечена зелка со богати парчиња свинско месо

Кармин

21/09/2022

15:01

4.485

Големина на фонт

а а а

Време е да ви го откриеме најубавиот рецепт за слатка зелка, а ова е сериозен кандидат за највкусниот оброк за оваа есен.

Почна сезоната на зелка, па засукајте ги ракавите и подгответе го овој оброк:

Состојки:

- 2 главици бела зелка;
- 800 гр. свинско месо без коски;
- масло;
- сол;
- бибер;
- 2 лажици павлака;
- 1 лажица сенф;
- 2 домати;
- 100 гр. сирење.

Подготовка:

Зелката исечкајте ја така што ќе добиете полни кругови. Зачинете ги, па пропржете ги на малку масло од едната и од другата страна во тавче, така што ќе добијат златна боја.

Во тава на хартија за печење наредете ги круговите од пресечената зелка, па премачкајте ги од двете страни со намаз од павлака, сенф и зачини.


Посоленото месо ставете го врз зелката и печете на 180 степени, околу половина час. Врз месото ставете домат, а потоа рендано сирење и печете неколку минути.

На здравје!



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk