Му требало време да го прифати „предавството“: Причината поради која се разведува Франческо Тоти не е неговото неверство

Кармин

16/08/2022

14:48

10.345

Големина на фонт

а а а

Неодамна јавноста беше изненадена од веста дека славниот фудбалер Франческо Тоти се разведува по 20 години брак.

Франческо Тоти и неговата сопруга Илари Блази одлучија да стават крај на нивниот брак, а како што тогаш се наведуваше, причината била романсата на Тоти со навивачка на Рома.

Имено, се пишуваше дека фудбалерот ги поминува деновите во куќата на убавата Ноеми Боки која инаку се занимава со цветна декорација, дипломирала банкарство, а на Италијанците им била позната од бракот со Марио Каучи, претседателот на клубот Тиволи со кој има две деца.

Меѓутоа, пресврт се случил по пишувањето на магазинот „Chi“. Имено, до проблеми во бракот дошло многу пред аферата на Тоти, како што пишуваат тие, прва афера имала Илари која поради работни ангажмани често патувала во Милано и таму ја отпочнала врската со еден фитнес тренер.

Наводно, фудбалерот ѝ пронашол пораки на Илари во нејзиниот телефон, а се претпоставува дека нејзината романса траела дури 18 месеци. Инаку, тренерот на Кристијано е познат по врските со италијанските инфлуенсерки кои таму се многу популарни.

„Се обидов да ја надминам кризата во својот брак, но денес сфаќам дека изборот да се разведеме, иако е болен, е неизбежен. Сè што кажав и направив во последните месеци беше да ги заштитам нашите деца кои секогаш ќе бидат на прво место во нашиот живот.

Ќе продолжам да бидам близок со Илари додека ги растеме нашите прекрасни деца, секогаш ќе ја почитувам. Верувам во почитувањето на нашата приватност поради спокојот на децата“, објавил Тоти неодамна.

Инаку, Франческо Тоти и убавата Ноеми биле видени заедно како уживаат на италијанското крајбрежје, а некои наслови говорат и дека парот го чека првото заедничко дете, додека пак Тоти со поранешната сопруга веќе има три деца.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk