20 дневни соби со адут поради кој расте вредноста на недвижнините

Кармин

15/08/2022

18:50

6.155

Големина на фонт

а а а

Има многу фактори кои влијаат на цената на недвижнините. Локацијата, квалитетот на градбата, староста, количината на искористен простор, реновирање или побарувачка за недвижнини на подрачјето кое ве интересира...

Меѓутоа, уште еден фактор и тоа како може да влијае на вредноста на недвижнините, а тоа е погледот. Секако, не вреди ниту секој поглед еднакво.

Доколку станот се наоѓа на локација на која добриот поглед е реткост, тогаш за него ќе мора да издвоите малку повеќе пари.


И типот на поглед влијае на вредноста на недвижнините. Тоа го тврдат австралиските експерти за недвижнини кои спровеле истражување на оваа тема. Тие потврдиле дека на пример, купувачите во Бризбејн плаќаат и до 100.000 долари повеќе за недвижнините со добар поглед.

Така на пазарот прекрасно „поминуваат“ недвижнините со поглед кон парк или шума, по можност на рамно тло, но и недвижнините со незаборавен поглед кон море.

Уште еден поглед којшто ја зголемува вредноста на недвижнините и до 30 отсто, според многумина е – панорамскиот поглед.


Тој се дефинира како прекрасен поглед и вообичаено нуди спектакуларност на градот. Со оглед на тоа што дневната соба кај многу од семејствата е просторија во која се поминува најмногу време, токму недвижнина со дневна соба од која има прекрасен панорамски поглед вреди многу повеќе.






Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk