Limoncello Spritz: Рецепт за освежителен летен коктел

Кармин

11/08/2022

15:20

7.126

Големина на фонт

а а а

Limoncello Spritz се базира на италијански ликер од лимон, измешан со пенливо вино, лимонада и минерална вода.

Во летниот период бараме лесни и освежителни пијалоци. Limoncello Spritz е токму таков коктел.

Овој освежителен пијалок се базира на популарниот италијански ликер од лимон и се меша со пенливо вино Prosecco, лимонада и минерална вода.

Дополнителна длабочина на вкус ќе дадат свежите плодови од лимон, како и миризливите листови од неодолив босилек.


Состојки за Limoncello Spritz за две лица:

- 60 мл. ликер од лимончело;
- 60 мл. просеко вино;
- 30 мл лимонада;
- 4 листови свеж босилек;
- ½ лимон;
- малку минерална вода со вкус на лимон;
- мраз.


Подготовка на Limoncello Spritz:

Исечете половина лимон на тенки парчиња. Ставете ги во шејкер со листовите босилек и лимонадата. Протресете.


Додадете лимончело и мраз во шејкерот и добро измешајте. Добиената течност процедете ја и поделете ја во две чаши.

Додадете просеко и малку минерална вода со вкус на лимон. Украсете ја чашата со парче лимон.

На здравје!



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk