[ФОТО] Без гаќички и градник на црвениот килим во Кан — интимната зона ја покрила со триаголник: Славната актерка се прошета во најпровокативен фустан

Кармин

14/05/2026

09:00

1.447

Големина на фонт

а а а

На синоќешната полноќна проекција на „Пеколни улици“ на Канскиот фестивал, по повод 25 години од премиерата на првиот дел од акционата сага, една од главните ѕвезди на филмот, Џордана Брустер, се појавила во повеќе од провокативен фустан, кој засега е едно од најпредизвикувачките изданија на црвениот килим во Кан.

Актерката се прошетала на црвениот килим на Канскиот фестивал покрај Вин Дизел и Мишел Родригез, со кои глумела во „Пеколни улици“, а со нив била и Медоу Вокер, ќерката на покојниот Пол Вокер, кој го одбележа славниот филм. Премиерата не ја пропушти ниту продуцентот Нил Мориц.


Потсетуваме, Пол Вокер загина во сообраќајна несреќа во 2013 година. Таа година се снимаше седмото продолжение на филмот.


Брустер со својот моден избор покажала дека го поддржува трендот на „голи фустани“. Носела фустан со детали од тантела и проѕирни делови од страните, долж линијата на телото.


Тие изрези јасно открија дека под фустанот не носела долна облека, а проѕирни елементи имаше и на други делови од фустанот, поради што триаголникот што послужил да не покаже премногу бил уште повпечатлив.


Да се појавеше минатата година во Кан во ова издание, ќе го прекршеше правилото за забрана на „голи фустани“, иако таа мерка во 2025 година ја прекршија бројни гости. Беше забрането да се носат и фустани со опашка, па и такви тоалети можеа да се видат на црвениот килим, а Деми Мур синоќа имала токму таков детаљ.


Речиси секој кадар долови колку фустанот на Џордана бил провокативен.


Специјалната проекција на „Пеколни улици“ беше многу емотивна и не помина без солзи, предизвикани од сеќавањето на Пол Вокер, кого публиката не го заборава, а не го заборава ниту омилениот филмски серијал.


Вин Дизел официјално најави дека се подготвуваат четири оригинални телевизиски серии базирани на познатата франшиза за платформата „Peacock“. Потврдено е и дека финалното, 11. продолжение на акционата сага, со наслов „Fast Forever“, ќе пристигне во кината во март 2028 година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk