[ФОТО] Холивудски гламур во Кан: Деми Мур во раскошен розов фустан привлече големо внимание

Кармин

18/05/2026

07:55

441

Големина на фонт

а а а

Деми Мур привлече огромно внимание на овогодишниот филмски фестивал во Кан појавувајќи се во впечатлив розов фустан.

Актерката се прошетала на црвениот килим во „Palais des Festivals“ на долгоочекуваната проекција на филмот „Paper Tiger“ (Хартиен тигар). Таа се појавила во раскошна креација со волуменозен крој, а драматичните детали и долгата опашка дополнително го нагласиле гламурозниот изглед по кој Кан е препознатлив.


Фотографиите од нејзиното пристигнување брзо се проширија на социјалните мрежи, додека многумина коментираа дека се работи за едно од највпечатливите изданија на вечерта.


Посебно внимание привлече интензивната нијанса на розова боја, како и минималистичкиот накит со кој Мур ја комплетирала модната комбинација. Од друга страна косата ѝ била пуштена, а шминката едноставна со што дополнително фокусот беше ставен на фустанот.


На социјалните мрежи обожавателите на актерката го опишаа нејзиниот изглед како „холивудски гламур во полн сјај“, додека некои корисници тврдат дека таа ги засенила многу помладите ѕвезди кои присуствувале на фестивалот.


Овогодишниот Кански фестивал собра бројни познати личности од светот на филмот и модата, но токму Мур успеала да привлече најголемо внимание благодарение на модното издание кое е тешко да се игнорира.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk