Како изгледала ќерката на Џеј Ло пред да стане „they“: Поради една работа била на мета на срамни коментари

Кармин

06/07/2022

23:53

14.974

Големина на фонт

а а а

Латино дивата Џенифер Лопез на неодамнешен настап во Лос Анџелес, открила како ѝ се обраќа на својата ќерка, што предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.

Имено, додека разговарала за Ема, која ѝ се придружила на сцена на стадионот Додгерс, ја користела родово неутралната заменка „they“, односно „оние“, а потоа се пошегувала:

„Постојано ги повикувам да пеат со мене, но тие не сакаат. Ова поради тоа е пoсебна публика. Прилично се зафатени, имаат работа. А, и скапи се. Ме чини кога тие ќе излезат на сцена“, зборувала Џеј Ло низ насмевка.

Поради однесувањето и начинот на облекување на девојчето, многумина сметаат дека Ема е трансродова, а Џенифер сè до сега воопшто не се огласувала по тој повод. Но, таа своите деца ги воспитува по посебни правила.

Меѓутоа, на сметка на својот изглед, Ема веќе со години трпи бројни критики и недолични коментари.

Постојано ѝ нагласуваат дека никогаш не се грижи за себе и дека изгледа многу неуредно, иако има само 14 години.

Ќерката на пејачката излегла на сцена во „фазон на момче“ – облекла розова кошула и кратки, широки панталони, а оваа модна комбинација ја надополнила со црна капа.

Неколку денови подоцна Џенифер била „уловена“ со својата ќерка на сетот на новиот филм на нејзиниот вереник Бен Афлек, којшто пред неколку месеци ја запроси на бајковит начин.

Откако славниот пар ја обнови врската, Бен со децата од својата вереничка има прекрасен однос.

А, како Ема се менувала низ годините, погледнете во наредните фотографии:








Од друга страна пак, се шпекулира дека Марк Ентони, со кој Џенифер има деца и за кого се венчала само пет месеци по претходното раскинување со Бен Афлек, воопшто не е воодушевен од повторното обновување на романсата со актерот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk