Кортни Кардашијан и Тревис Баркер изминатиов викенд организирале раскошна венчавка во живописното село Портофино.
Кортни и Тревис се венчале пред пријателите и семејствата на прекрасната венчавка.
Парот кој се вери во октомври кажа „да“ во древната тврдина Катело Браун во Портофино во неделата, а Кортни изгледала навистина восхитувачки во белата венчаница на „Долче и Габана“ која имала и вел.
Реалити ѕвездата Кортни и рокерот Тревис изнајмиле приморски комплекс за во голем стил да ја прослават својата венчавка со семејството и пријателите.
Целиот клан Кардашијан-Џенер и Баркер биле повикани на свадбата, па биле забележани како пристигнуваат на церемонијата.
Кортни објавила и серија видеа на Инстаграм, но и фотографии по церемонијата каде зборувала за својата иднина со Тревис.
Реалити ѕвездата изјавила дека ќе биде среќна до крајот на животот и разменила бакнеж со својот сопруг пред олтарот по разменувањето на заветите.
Крис Џенер и сестрите на Кортни, Ким, Клои, Кендал и Кајли биле навистина прекрасно облечени за оваа прилика.
Крис Џенес ја однела својата ќерка пред олтарот, а била облечена во розов фустан, додека пак Кортни носела црвени ружи.
Ким Кардашијан ја испочитувала готичката тема која ја поставила Кортни во подготовките за големиот ден, така што пристигнала во црн фустан.
Венчавка е посебна по тоа што Кортни и Тревис до олтарот „прошетале“ три пати во последните два месеци.
Парот во април ги изненади фановите додека биле фотографирани како опиени се венчаат, по забавата на доделувањето на Греми наградите.
Меѓутоа, опиената невеста подоцна признала дека тоа била шега откако таа и нејзиното момче испиле малку повеќе текили.
„Вежбата ве прави совршени“, изјавила тогаш Кортни додека споделила неколку видеа од таа венчавка.
Еден месец подоцна, заљубениот пар споделил како разменува завети на втората венчавка во Санта Барбара. Парот навистина се венчал на скромна церемонија без семејствата и пријателите.
Повикани биле само бабата на Кортни, Ем Џеј, и таткото на Тревис – Ренди кои им биле сведоци.
По венчавката, Кортни споделила некои црно-бели фотографии од својот фотограф со опис – „додека смртта не нè раздели“.