Тејлор Свифт заедно со мајка ѝ го следела натпреварот од ВИП-ложата и страсно навивала за својот сопруг Тревис Келси.
Тејлор Свифт и Тревис Келси привлекуваат големо внимание откако се венчаа и ја продолжија својата љубовна приказна, која многумина ја коментираат како една од најубавите, а нив ги вбројуваат меѓу паровите со неверојатна харизма, што и двајцата редовно го покажуваат во јавноста.
Познатата пејачка во неделата навечер, заедно со мајка ѝ Андреа, му давала поддршка на сопругот на уште еден натпревар. Од ВИП-ложата гласно навивала за Тревис, а кога тој постигнал погодок, од сè срце, како горда сопруга, извикала: „Тоа е мојот сопруг!“ и го покажала прстенот на раката, вреден милион долари.

Снимката брзо се прошири на социјалните мрежи, а особено жените ја коментираат.
Тејлор и Тревис се венчаа во јули оваа година во Њујорк, а вкупниот број гости изнесувал околу илјада лица.

Иако имало многу гости, а Тревис неодамна во својот поткаст рекол дека сакале да создадат што е можно поинтимна атмосфера и да ја зачуваат приватноста, па им се заблагодарил на сите кои присуствувале, но и на оние кои помогнале во организацијата, за нивниот посебен ден навистина да биде магичен во секоја смисла.