„Обична“ венчаница која го покажува вишокот килограми, веселба без гости: Кортни Кардашијан официјално во брак

Кармин

16/05/2022

14:17

8.967

Големина на фонт

а а а

Кортни Кардашијан и Трeвис Баркер неодамна се венчале во Лас Вегас по доделувањето на Греми, но тоа било само еднa од планираните три венчавки.

Кортни Кардашијан официјално се венчаше за својот избраник Трeвис Баркер, а големата прослава е закажана за летово во Италија.

Парот се венчал во општината во Санта Барбара и судејќи по сè, тоа било една чудна венчавка.

Имено, старлетата облекла краток, бел фустан кој потсетува на комбинација за на плажа, додека пак Тревис имал црно одело.

На венчавката присуствувале малку луѓе и никој од сестрите на Кортни, како ниту нејзината мајка. Кортни ја повикала само нејзината баба.

Да ве потсетиме, Кортни има три деца од врската со Скот Дисик, а истакнала и дека би сакала да роди уште едно дете Тревис.

Таа била и во центар на внимание затоа што ја осудувале дека се здебелила, а старлетата истакнала и дека има проблем со хормоните, како и дека се бори со депресија.


„Сите пишуваат дека сум бремена и дека сум се здебелила, а толку е непристојно да ги коментирате луѓето кога не знаете низ што поминуваат. Поради лековите кои ги пијам условно сум во менопауза. Моето тело „згасна“. Нерасположена сум и депресивна, не се чувствувам добро“, истакнала Кортни Кардашијан неодамна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk