Принцот Вилијам и Кејт не сакаат титули и формалности – подготвуваат драстични промени за монархијата

Кармин

11/05/2022

16:28

7.220

Големина на фонт

а а а

Извори блиски до палатата откриле за британските медиуми дека во монархијата се подготвуваат големи промени.

Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон во соработка со советниците дошле до идеја да ја модернизираат монархијата и едноставно да остават некои работи во минатото, каде што и припаѓаат.

Војводата од Кембриџ повеќе не сака никој во јавност да им се обраќа со титули, не сакаат наклони од луѓето и сакаат да се свртат кон помалку формалниот пристап кој не е во согласност со традицијата.


„Сакаат да бидат поопуштени, подостапни, поприродни. Заклучокот од последната турнеја е дека сето тоа е премногу вкочането, строго, старомодно и формално. Народот тоа едноставно повеќе не го сака. Затоа сакаат да ги нарекуваат со имиња, Вилијам и Кејт наместо војводата и војвотката од Кембриџ“, изјавил извор за странските медиуми.

Принцот наводно е многу мотивиран и сака да ја модернизира монархијата, да ѝ даде некоја нова смисла и едноставно да ги исфрли работите кои повеќе не се во согласност со денешното време.


Сето тоа е дел од процесот на кој се работи по многу лошиот публицитет за нивната 8-дневна турнеја на Карибите. Луѓето едноставно се побуниле поради третманот кој го уживаат членовите на кралското семејство, а кои во нивните земји доаѓаат само еднаш на неколку години. Помеѓу останатото, тука е и желбата на некои карипски земји да истапат од Комонвелтот, како Барбадос кој го побара тоа. За таа цел биле одржани многу протести со цел нагласување на некогашниот колонијализам на Велика Британија.

Дали младите генерации на монархијата, внукот на кралицата Елизабета Втора и неговата сопруга Кејт ќе успеат во намерата да го вратат сјајот на кралското семејство, останува да видиме.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk