Модерни и шик парчиња: Стилистите избраа 5 модели на пролетни јакни кои совршено им прилегаат на сите жени

Кармин

27/04/2022

11:05

8.100

Големина на фонт

а а а

Од пролетни чанти и чевли преку накит до пролетна облека, постојат многу начини како да ги практикувате најновите трендови.

А стилистите предлагаат да започнете од тренди пролетните јакни. Оваа пролет набавете модел кој може да изгледа подеднакво добро со здолниште и со вашите омилени фармерки, некој модел кој можете да го префрлите преку рамена кога температурите нагло ќе пораснат, како и удобен модел кога ќе се одлучите за спортска прошетка.

Штепана јакна

Оваа лесно поставена јакна е идеална за пролетната сезона. Таа ќе ве згрее доволно за пролетните денови, а покрај тоа изгледа модерно.


Блејзер со едно копче

Пастелните нијанси се хит оваа сезона, а блејзерот кој се смета за деловна варијанта, во оваа комбинација со едно копче делува многу лежерно.


Класична тексас јакна

Класичната тексас јакна е вашиот најдобар пријател во текот на постудените пролетни денови. Облечете го вашиот омилен фустан или здолниште и со тексас јакната ќе бидете облечени по најнова мода.


Јакна од твид

Јакните од твид се неопходни оваа сезона, а доколку ја искомбинирате со соодветно здолниште, тоа е полн погодок!


Спортска јакна

Спортските јакни се многу удобни за носење и ви овозможуваат непречено да се движите. Без разлика дали одите на опуштена прошетка или вежбате во природа, спортската јакна е секогаш прв избор кога станува збор за гардеробата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk