(Фото/Видео) Желе нокти се новиот француски маникир - го пробавте ли?

Кармин

26/04/2022

17:51

8.852

Големина на фонт

а а а

Новиот тренд на маникир неодоливо асоцира на топла, лелеава и сончева пролет.

Станува збор за т.н. желе маникир во боја на малини и сочни праски, кој е заштитен знак на Y2K трендот, па затоа е и многу популарен.

Дека се работи за голем тренд, потврдува и фактот што голем број девојки на ТикТок го носат овој маникир.

Како можете да направите желе маникир без да одите во салон?

Лесно можете да направите желе нокти сами дома. Главниот трик е да се разреди основната боја со проѕирен лак, со што се постигнува ефект на проѕирно желе. Значи, сè што ви треба е проѕирен лак, како и лак со саканата боја. Нанесете една или две капки лак во боја и проѕирен лак за да добиете проѕирна боја, која потоа ја нанесувате директно на ноктите, како што можете да видите на видеото.


Ноктите можете да ги декорирате и со лак во боја за да постигнете интересен контраст и уште повпечатлив ефект или едноставно да ги оставите такви какви што се.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk