Совршено за жените со облини: Џеј Ло го откри модното парче кое ќе го замени краткото здолниште

Кармин

21/01/2022

12:16

10.968

Големина на фонт

а а а

Џенифер Лопез често ги предвидува модните трендови, а така е и на почеток на оваа 2022 година.

Латино музичката дива и актерка прошетала во тренд модно парче кое ќе ги замени кратките здолништа, особено кога ќе пристигне пролетта.

За прошетката со својата ќерка, Џенифер облекла долго здолниште. И, додека кратката верзија од здолништето е вечен тренд, се предвидува дека претстојнава сезона предност ќе имаат малку подолгите модели на здолништа, а тоа го потврди и Џенифер Лопез.

Долгото здолниште кое е дизајнирано како „закривено“, Лопез го комбинирал со ролка, а цела комбинација за ја заокружила со „Шанел“ чанта и чизми.

Дека својот фокус го ставила на долгите здолништа потврдила уште една такква слична модна комбинација која ја носела неделава.

Таа се појавила во макси, тесно здолниште, со висок прорез и копчиња од предната страна. Здолништето го комбинирала со ролка, и чизми на висока потпетица, а носела и чанта. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk