На Инстаграм божица со совршено тело, а во живо... Вака Џеј Ло изгледа во реалноста

Кармин

20/01/2022

14:15

15.355

Големина на фонт

а а а

Можеме да заклучиме дека сепак, не е сè така совршено како што изгледа на социјалните мрежи.

Инстаграм профилот на Џенифер Лопез е преполн со нејзини фотографии на кои акцентот е на нејзината витка фигура и брутални стомачни мускули.

Меѓутоа, очигледно дека за совршената линија на поп дивата заслужен е Фотошоп.


Имено, нејзе папарацо фотографите ја „уловиле“ додека со своето дете шетала низ градот, а на фотографиите јасно покажува дека и таа има несовршености баш како и секоја друга жена и дека реалноста е далеку од тоа што го гледаме на социјалните мрежи.

Фотографиите со брзина на светлината го обиколија светот, а потоа веднаш се појавија и бројни коментари во кои главно фановите ја критикуваат.


Обожавателите на поп дивата велат дека не им е јасно зошто се прикажува себеси во друго светло на фотографиите и зошто „лажно се претставува“.

„Дали е свесна колку лошо тоа влијае на младата генерација. Зошто е срамота да имаш 'опуштен' стомак?“, „Социјалните мрежи станаа место на кое повеќе никој не личи на себе“, „Секако добро изгледа, не разбирам зошто има потреба од Фотошоп“, се само дел од коментарите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk