Го поминале викендот заедно: Новите фотографии и детали за можното смирување на Ирина Шајк и Бредли Купер го воодушевија Холивуд

Кармин

01/12/2021

09:41

8.735

Големина на фонт

а а а

Додека многумина навиваат Ирина Шајк и Бредли Купер да се смират - тие нѝ даваат надеж дека тоа навистина се случило!

Озборувањата дека Бредли Купер и Ирина Шајк се смириле - се сè погласни. Овој пар го поминал заедно Денот на благодарноста и цел викенд, со што само ги подгреваат тврдењата за нивното обновување на романсата.

Како што пишува „Page Six“, Ирина Шајк е видена како го напушта својот стан во Њујорк во четвртокот и се упатила кон домот на Купер, каде била и нивната ќерка Леа. Манекенката не преспивала кај Бредли, но веднаш утредента се вратила, кога заедно заминале на излет.

Бредли отишол во станот на Ирина за да ги земе неа и девојчето, а потоа заедно заминале на балет. Бредли и Ирина биле како и секогаш, одлично стилизирани, а Леа шетала помеѓу мама и тато - па не е ни чудно што повторно изгледале како еден од најубавите парови во Америка, за што долго важеа.


„Изгледаа многу среќно. Сите се смешкаа“, раскажал очевидец за американските медиуми.

Сепак, нагласено е дека немале романтична интеракција, бидејќи биле свесни дека фотографи и репортери ги следат.


Ирина и Бредли во текот на ноември се видени како 'рака под рака' шетаат во Њујорк. Извор за „Daily mail“ рекол дека се 'блиско семејство, но официјално не се повторно заедно'.

Друг извор рекол дека ќерката им е 'фокус број еден', како и дека тие ѝ се одлични родители на Леа.


Ирина во интервју за магазинот „HIGHStyle“ открила каков однос има Бредли со својата 4-годишна ќерка.

„Сам ја однесе на двонеделен одмор. Ниту еднаш немаше потреба да ги барам. Тој е многу посветен и снаодлив татко, а дадилка не му е потребна. Бредли и јас сме строги родители. Доследно ја воспитуваме. Штом ќе заврши со јадење, Леа станува, ја зема чинијата и вели благодарам. Ништо не добива без молам и благодарам“, рекла Ирина.


Уште во март за „Elle“ открила дека таа и Бредли се рамноправни родители.

„Не го разбирам изразот поделено старателство. Кога сум со неа, 100% сум мајка, а Бредли е 100% татко кога е со неа“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk