Магијата во Белата куќа е создадена со дури 10.000 украси и 41 елка: Погледнете ја празничната бајка која ја создала Џил Бајден

Кармин

30/11/2021

10:20

8.315

Големина на фонт

а а а

Првата дама на САД, Џил Бајден, открила како ја украсила Белата куќа за божиќните и новогодишните празници.

Многу елки се наоѓаат во ходниците и собите на Белата куќа, украсени со мотиви кои потсетуваат на најрадосните празници во годината.

Темата на првиот Божиќ на семејството Бајден во Белата куќа е „Подароци од срце“.


Првата дама на САД на својот официјален профил на Твитер објавила фотографија од официјалната елка на Белата куќа која се наоѓа во Сината соба.

„Инспирирани со делови од добрината и искуствата кои ни го зголемија расположението годинава, украсените соби во Белата куќа „дишат“ во Подароците од срце кои сите нè обединија – вера, семејство, пријателство, уметност, учење, природа, благодарност, служба, заедница, мир и единство“, напишала Џил Бајден.

Официјалната елка е висока 5,5 метри и ги слави мирот и единството, соопштила Белата куќа.


Северната и јужната страна од зградата ја красат 25 венци, а речиси 79.000 светилки ја остветлуваат елката, венците и другите празнични украси.

На една од елките се нашле необични и интересни украси.


Како што може да се види на фотографиите, елката е украсена со фотографии од претходните „жители“ на Белата куќа, па така покрај фотографиите на Џо и Џил Бајден, на елката се наоѓаат фотографии од Барак и Мишел Обама, Доналд и Меланија Трамп.

ѓ



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk