Палави и со големи барања, но „жестоки“: Ова се најстрасните жени на Зодијакот

Кармин

21/09/2021

14:57

8.213

Големина на фонт

а а а

За жените родени во знакот на Риби, Овен и Близнаци, астролозите тврдат дека знаат да уживаат во сетилните задоволства и дека не се грижат каков впечаток ќе остават со своето однесување.

Ако познавате некоја женска личност родена во еден од овие 3 знаци, прочитајте што да очекувате од нив:

Риби

Рибите се многу емотивен знак и за овие жени, сексот претставува повеќе од физичко искуство бидејќи ги „храни“ и смирува. Рибите ретко изневеруваат во врските, но брзо се „оладуваат“, а не е реткост дека на љубовта ѝ даваат втора шанса.


Овен

За освојување на жените родени во знакот на Овен, мажите мора многу да се потрудат бидејќи треба да ја задоволат нивната егоистична природа. Во спротивно, на нив нема да им биде тешко да заминат и да го побараат тоа кај некој друг. Со други зборови, мажот кој сака да остане покрај жената Овен, мора да биде спремен да го следи нејзиното немирно темпо на живот во кое секој ден се живее како да е последен.

Близнаци

За жените Близнаци често може да се чуе дека имаат најмалку две лица и две души, најпрвин поради нивната страсна природа. Жената родена во знакот на Близнаци сака груби игри и во љубовта, разговорот и забавата. Нејзе ѝ е потребен маж кој ќе ги исполни сите нејзини желби, а ако не го пронајде, ќе побара утеха во прегратките на некој друг маж.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk