Каније Вест после речиси два месеци поднесе одговор на барањето за развод - сака заедничко старателство над децата

Кармин

13/04/2021

15:40

1.949

Големина на фонт

а а а

Каније Вест поднел одговор на барањето за развод, кое го добил од Ким Кардашијан.

Каније исто така бара заендичко правно и физичко старателство над четирите деца, исто како и Ким.

Заедничко старетелство не значи автоматско разделување 50/50 и веројатно кај Ким ќе бидат децата поголем дел од времето.

Речиси сигурно ќе склучат договор и ќе биде одобрен од судот. Двајцата се обврзале на заедничко родителство. Каније, како и Ким, сака да ја затвори вратата за издржување на сопругата. Може да си дозволи сами да се грижи за себе.


Исто така, вели дека треба да ги плаќаат своите правни такси. Како што веќе пренесовме, Ким и Каније имаат предбрачен договор, така што не би требало да има големи проблеми со поделбата на имотот. Интересно е и тоа дека „Форбс“ потврди дека Ким сега достигна статус на милијардерка.

Ким поднела барање за развод на 19-ти февруари, што значи дека Каније доцни со поднесување на одговор, иако тоа всушност и не е важно, бидејќи тоа нема да предизвика било каков проблем. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk