Женственоста се враќа на голема врата: 6 бои кои ќе завладеат со модниот свет во 2021 година

Кармин

09/03/2021

12:01

2.735

Големина на фонт

а а а

Минатата година, модниот свет беше преплавен од неутрални нијанси со понекој детаљ кој ја разбиваше монотонијата. Меѓутоа, оваа година нѝ носи широка палета на разни колоритни тонови кои ќе ја „промрдаат“ и разбудат претстојната сезона.

Ѕирнете во вашиот ормар и проверете дали веќе имате некое парче облека во овие бои и гордо носете го.

Жалфија зелена

Судејќи по се, оваа нијанса ќе биде број 1 оваа година. Жалфија зелената боја им прилега на сите тонови на кожа, а добро одговара со парчиња тексас. Со оваа боја дефинитивно нема грешка!

Чоколадно кафеава

Чоколадно кафеавата е новата црна и оваа сезона ќе ја гледаме насекаде: од јакни од еко кожа преку чизми и патики до долна облека.

Лаванда

Во палетата има многу виолетови нијанси, но една посебно се издвојува, а тоа е лавандата. Лесна, ведра и разиграна, таа ги освои сите симпатии па така сè е во оваа боја: долна облека, костими за капење, блузи, кошули, модни аксесоари...

Бледожолта

Додека ја доживувате жолтата како премногу интензивна боја, оваа нијанса е блага и отмена. Доколку не сте голем љубител на жолтите тонови, својата комбинација секогаш можете да ја освежите со моден детаљ во ваква боја.

Впечатливо портокалова

Не баш неонски блескава, но многу интензивна, оваа храбра боја е апсолутен „must-have“ за оваа сезона. Од бикини преку јакни до фустани и комбинезони, силната портокалова боја им прилега и на оние со светол и на оние со потемен тен. Таа ќе се носи и напролет и во лето, но и во есенскиот и зимскиот период.

Лимета зелена

Покрај споменатата жалфија зелена боја, во мода ќе бидат и други нијанси како лимета или маслинесто зелена. Она што е одлично во овој случај е што боите лесно се комбинираат со други нијанси, но и меѓусебно.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk