Ритуали за убавина на Пенелопе Круз – преубавата актерка вака ги исфрла токсините, а се колне во оваа алатка за „чистење“ на лицето

Кармин

05/03/2021

10:04

2.426

Големина на фонт

а а а

Актерката Пенелопе Круз има омилени козметички третмани во кои што ужува, а што се однесува до кремот за лице, таа смета дека најважни се оние кои што се со висок процент на хидратантни состојки.

„Правам 'суво четкање', верувам дека тој ритуал ги чисти токсините од телото“, коментирала Пенелопе за третманот кој што е сè попопуларен.

Лицето го негува со хидратантни креми, а ја откива и склоноста кон ролерите.


„Мојот шминкер пред премиерите вообичаено ми прави третмани со ролери“, изјавила актерката.

Таа исто така знае и неколку трикови, кога станува збор за нега на косата:

„Пораснав кај мајка ми во фризерски салон, знам како да ја одржувам косата и истата да биде здрава. Можам да се шишам, да ја бојадисувам и сушам мојата коса професионално. Дури ѝ правев фризура и на Селма Хаек, пред една премиера. Во текот на премиерата снема електрична енергија, па косата ја средував само со помош на светлината од свеќата, тоа беше голем предизвик“, вели Круз.


Познато е дека актерката често носи модерни шишки, а на црвениот тепих воглавно носи високи пунџи и повпечатлива шминка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk