Холивудската актерка за секс сцената со заводникот Бандерас: „Почнав да плачам, а тој се чувствуваше ужасно“

Точка

17/02/2021

21:46

50.846

Големина на фонт

а а а

Селма Хаек неодамна зборуваше за снимањата на првите секс сцени во подкаст кај нејзиниот колега Декс Шепард и објаснила зошто не можела да престане да плаче.

Актерката (55) снимала љубовна, жешка сцена со Антонио Бандерас за филмот „Desparado“ од 1995 година. Не била свесна дека во филмот кој што го режира Роберт Родригез, постои таа сцена сè до почетокот на продукцијата.

„Кога требаше да почнеме со снимањето, почнав да плачам“, изјавила Селма, сфаќајќи дека од неа се очекува да сними секс сцена.

Потоа кажала дека ќе може да го направи тоа само во затворен сет, пренесуваат странските медиуми.


На сетот со неа тогаш биле само Бандерас, Родригез и Елизабет Авелан (сопругата на Родригез и продуцентка) која што Хаек ја нарекува најдобра пријателка.

Актерката им кажала дека не е сигурна дали ќе може да ја сними секс сцената и дека се плаши од тоа. Хаек исто така изјавила дека била преплашена од Бандерас затоа што тој бил многу „слободен“, иако додала дека бил неверојатен и апсолутен господин.

„Ме плашеше дека тоа за него не беше ништо“, изјавила Хаек.


„Почнав да плачам, а тој ми кажа дека поради тоа се чувствува ужасно... Ми беше многу непријатно поради плачењето“, изјавила Селма.

Таа исто така открила дека ѝ било многу непријатно поради тоа што размислувала за тоа што ќе кажат нејзиниот татко и брат кога ќе ја погледнат таа интимна сцена.

На крајот, актерката изјавила дека во текот на прикажувањето на таа сцена, таа ги извлекла нејзиниот брат и татко од киното, но и дека долго по снимањето на филмот имала трауми со кои што научила да живее со текот на времето.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk