3 знаци во хороскопот кои ќе ве „загушат“ со љубомора – не е лесно да се биде во љубовна врска со нив

Кармин

27/01/2021

09:51

3.459

Големина на фонт

а а а

Велат дека љубомората мора да ја контролираме доколку сакаме со своето однесување и постапки да не ги одбиваме оние најдрагите.

Но, што доколку не знаеме да го направиме тоа?

Ова се најљубоморните знаци во Зодијакот:

Овен

Попусти ви се сите разговори со Овните околу љубомората, затоа што тие се родени со таа одлика. Немојте ниту да се обидувате да му докажувате верност и љубов, доколку се посомневаат на нешто лошо. Тие на сомнежите реагираат импулсивно и моментално, без оглед на тоа каде и пред кој се наоѓаат. Од Овните можете да очекувате сè. Едно е добро во целата таа приказна - колку се љубоморни и колку брзо пленат, толку во исто време сето тоа може да им помине.


Лав

Како најегоистичен знак во хороскопот, Лавот не може да функционира доколку не ви е во фокус 24/7. Не се насилни или пак агресивни кога ја искажуваат љубомората, а тоа е добрата страна на нивното однесување. Лошата е тоа што имаат преголеми очекувања и од себе и од партнерот, па кога ќе ја искажат љубомората повеќе си штетат себеси затоа што повредена е нивната гордост.

Шкорпија

Нема пољубоморен знак во хороскопот од Шкорпиите. Кога ќе почувствуваат дека нешто се случува зад нивниот грб, тие навистина можат да бидат „незгодни“. Тогаш не бираат зборови затоа што во нивниот карактер нема место за тактика. Поинтересно е тоа што доколку им кажете дека ве гушат со љубомора, никогаш нема да ви признаат дека се љубоморни иако тоа им се забележува во погледот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk