Најзгодниот маж за 2020-та година уште еднаш ја потврди својата титула, а коментарот на неговата сопруга објаснува сè

Кармин

25/01/2021

13:45

3.448

Големина на фонт

а а а

Мајкл Б. Џордан, познат по своите улоги во филмовите „Станица Фрутвејл“, „Крид“ и „Црн пантер“, минатата година беше прогласен за најзгодниот маж, поточно најсексапилниот маж, од страна на магазинот „People“.

33-годишниот Џордан навел и дека „жените во неговото семејство се многу горди на неговата титула“, па им се заблагодарил за поддршката која што му ја давале во текот на досегашната кариера.

Актерот ја оправдал својата титула и со новата објава на социјалните мрежи.

Мајкл позирал без маица, само во шорцеви, а на лицето имал и очила за сонце. Фотографијата ја направила неговата сопруга Лорин Харви.

Жените како одвај да чекале Џордан да позира на таков начин, па го „бомбардирале“ со коментари на сметка на неговиот изглед.

Меѓутоа, победничкиот коментар го напишала неговата сопруга Лорин, а истиот кажал сè што треба.

„Мој“, напишала кратко неговата сопруга.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk