Виктор Апостоловски ги распамети девојките со новите жешки фотографии: „6 месеци и минус 20 кила подоцна“

Кармин

28/10/2020

16:44

3.675

Големина на фонт

а а а

Битолчанецот Виктор Апостоловски често успева да го привлече вниманието на понежниот пол со сексапилни фотографии, но овој пат отиде чекор понатаму.

Имено, пејачот во текот на вчерашниот ден објави две фотографии од најновата фотосесија, со што им ја разбуди фантазијата на неговите обожавателки.

Апостоловски на фотографијата носи само фармерки, а во главен фокус е неговото извајано тело, за кое, како што вели, напорно работел цели шест месеци.

„6 месеци и минус 20 кила подоцна. Ај сеа на пица“, напиша Виктор под објавата.

Комплименти за неговиот изглед постојано се нижат, а дали ќе објави уште некоја фотографија од последната фотосесија, останува да видиме.


Ц.Н.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk