Годините не ѝ можат ништо: Мелани се соблекла во долна облека со една цел

Кармин

26/10/2020

10:11

6.488

Големина на фонт

а а а

Фотографиите од 63-годишната актерка биле направени во нејзиното купатило: Мелани седи на работ на големата мермерна када, а косата ѝ е фатена во голем пешкир.

Секако, изгледа феноменално – сите тие години за неа се само број бидејќи никој не може да поверува дека има 63 години. 

Но, Грифит не ги објавила ваквите фотографии само за да покаже дека изгледа сензационално и во седмата деценија од животот – таа им се придружила на бројните познати и непознати личности и организации ширум светот кои во октомври засилено работат на подигнување на свеста за ракот на дојка и собирање финансии потребни за истражувања, терапии и лекови.

Со тоа, дел од приходите од продажбата на долната облека која Мелани ја носи на фотографиите ќе биде уплатен на организации кои се занимаваат со борба против ракот на дојка.

Мелани и самата се соочила со рак - во 2009 година ѝ беа отстранети преканцерози, тумори на кожа во почетна фаза на лицето, а во 2017 година болеста ѝ се врати. Лекарите тогаш ѝ отстранија тумор од носот, а додека Грифит не објасни за што станува збор, многумина шпекулираа дека тоа е последица од неуспешен естетски зафат.

Нејзиното учествување во кампањата го поздравија бројни познати личности, но и нејзините деца – ќерката Дакота Џонсон која ја има од бракот со Дон Џонсон, синот Александар Бауер кој го родила во вториот брак со Стивен Бауер и ќерката Стела чиј татко е нејзиниот трет поранешен сопруг, Антонио Бандерас.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk