Ова се трите најомразени знаци во хороскопот

Кармин

19/10/2020

09:16

2.424

Големина на фонт

а а а

Секој хороскопски знак во општеството има некаков „статус“. Па, така Јарците се тврдоглави, Рибите плашливи, Шкорпиите злобни...

Иако хороскопскиот знак не не дефинира како личност, туку ние сме мозаик на некои особини, искуства кои што ги доживуваме, сепак луѓето имаат некакво колективно мислење за одреден хороскопски знак.

Кои се најомразените хороскопски знаци?

Лав

Тие се претставени како егоманијаци опседнати со самите себе и сакаат да бидат во центар на внимание. Вистината е таква. Лавовите се чувствителни и великодушни, а со нив секогаш забавата е загарантирана. Често среќата на пријателите им е поважна од нивната среќа.


Близнаци

За нив се смета дека се неодлучни, ладни и дволични, склони кон трачеви и предавства. Тие всушност сакаат добро да размислат пред секоја донесена одлука, па поради тоа работите ги согледуваат од многу агли. Тие исто така не склопуваат лажни пријателства.

Шкорпии

За нив секогаш се зборува дека се злобни, мистериозни и чудни. Всушност, звучат како вистинските филмски негативци. Тие немаат лоши намери, само што многу поспоро се отвораат пред непознати луѓе и многу внимаваат на својата приватност. Својата нежна природа ја кријат зад црниот хумор и отворените шеги, но кога ќе почнат да ви веруваат, очекувајте целосна несебичност.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk