„Личиш на вонземјанин!“ Мадона со изгледот ги шокираше фановите, повеќе не личи на себе!

Кармин

14/10/2020

13:16

5.082

Големина на фонт

а а а

Поп ѕвездата Мадона (62) вешто се обидува да ги сокрие годините, а третманите за ботокс се неопходни за неа.

Сепак, нејзините пријатели поради тоа ѝ се противат, велејќи ѝ дека претерува и дека повеќе не личи на себе.

Со најновата фотографија на Инстаграм покренала лавина коментари. Имено, таа сакала со објавата на социјалните мрежи да ја подигне свеста за гласањето пред политичките избори во САД, но објавата отишла во сосема друга насока.

Некои го искоментирале нејзиниот изглед и се прашувале дали се работи за филтери за обработување на фотогрфиите или целосно се упропастила со естетски корекции.

„Ова не е мојата кралица. Личиш на вонземјанин од холивудските филмови“, „Пластичниот хирург ужасно ја одработил својата работа“, „Дали ова навистина си ти?“, „Не сум видел полоши силикони од овие“, биле само дел од коментарите под фотографијата.

Освен што имала корекција на лицето, Мадона оваа година се пофалила дека ставила силикони и во задникот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk