Лацио го ангажираше Ведат Муриќи од Фенербахче како важно засилување, но сега нема да смета на неговите услуги наредните неколку недели.
Репрезентативецот на Косово бил позитивен на коронавирусот, па Лацио потврди дека го очекува пауза до средината на октомври.
Муриќи минатата недела го потпиша договорот со римскиот клуб, по што се вратил во Турција каде требало да ја организира целосната преселба во Италија.
Токму таму имал и позитивен тест, по што останува во изолација, а италијанските медиуми пренесуваат дека немал никакви симптоми.
„Газета дело Спорт“ тврди дека Муриќи имал и мала повреда на препоните, поради што дефинитивно нема да му помогне наредните 3-4 недели.