Познатата водителка Елен Деџенерис е обвинета за насилство над вработените. Најмногу обвиненија се упатени против тројца извршни продуценти, Едо Главин, Мери Корели и Енди Ласнер.
„Проблемот е што тројцата извршни продуценти кои се супериорни во однос на сите овие луѓе ги малтретираат и ги злоупотребуваат на работното место. Тие сметаат дека сите кои работат за 'The Ellen Show', треба да се чувствуваат најсреќни на светот и ако некој не е задоволен, дека лесно ќе го заменат, бидејќи сите ја сакаат таа работа“, открил еден од анонимните извори.
А откако била започната истрага, Елен на сите вработени им испратила писма во кои им се извинила поради проблемите.
„Сите мораме да водиме сметка како влијаат нашите зборови на другите и многу ми е драго што овие проблеми испливаа на површина и што ми се презентирани“, вели Елен.
Таа напишала и дека првиот ден од емитување на емисијата рекла дека ова шоу ќе биде 'место за среќа'.
„Реков дека никој никогаш нема да го повиши тонот и кон сите ќе се постапува со почит. Тоа очигледно не е случај и многу ми е жал за тоа“.
„Луѓето кои работат за и со мене, очигледно создале лажна слика за мене, зборувајќи погрешни работи во мое име и тоа мора да престане“, рекла Деџенерис.
„Многу ми е драго што носиме радост и помош во светот, сакам сите кои ја гледаат нашата емисија и сите кои работат на неа да бидат среќни. Многу ми е жал за оние кои не го доживеале тоа“, заклучила водителката.