Ја згрози планетата со ужасната сцена од улица, зборуваа дека пропаднал, но легендарниот ас покажа како всушност живее

Точка

18/07/2020

15:45

9.476

Големина на фонт

а а а

Адриано е еден од фудбалерите по кои што јавноста и натаму жали. Поради депресијата со која што константно се борел, тој не можел да го покаже целиот свој фудбалски квалитет кој што го поседува.

Неодамна се појави снимка на која што поранешниот фудбалер е во алкохолизирана состојба, без заштитна маска и со голем број луѓе.

Таа сцена ги згрози луѓето поради тоа што токму во Бразил секој час умираат луѓе.

Најмногу поради тоа што е познат по својот бурен живот, латиноамериканскиот темперамент, многумина поверуваа дека некогашниот фудбалер бил убиен во Бразил, само неколку дена по прославата на својот 38-ми роденден.

Сепак, Адриано за да ги демантира гласините се огласи на социјалната мрежа Инстаграм, каде што покрај фотографијата која што ја постави напиша: „Жив сум, жив и дома“.

Потоа открил и што правел откако ја завршил својата кариера.

„Бев во Италија, тажен и депресивен, па почнав да пијам. Единствено бев среќен кога внесував алкохол во моето тело. Вино, вотка, виски, пиво, всушност многу пиво“ - признал од душа Бразилецот.

Потоа напоменал дека тоа е причината поради која што го напуштил Интер.

„Не престанував да пијам, поради тоа го напуштив Интер. Одев пијан на тренинг, а потоа докторите мораа да ме носат во амбуланта. Кажуваа дека имам проблем со мускулите“ - изјавил некогашниот прекрасен напаѓач и според многумина единствениот легитимен наследник на сонародникот Роналдо.

Тој исто така открил уште еден негов проблем кој што бил полош од алкохолот:

„Лошите луѓе околу мене. Тоа е тоа што ме уништи. Пријателите ме носеа на забави, имаше многу жени и алкохол. Кога се вратив во Бразил, изгубив милиони, но ја вратив својата среќа“ - завршил легендарниот Адриано.

Поранешниот фудбалер светот го воодушеви додека играше за Интер, а потоа ниту во еден друг клуб не покажа поради што голманите секогаш трепереа од него.

Зборуваа дека пропаднал, дека животот му се срушил, но...

Овие фотографии сведочат нешто друго: 



Спонзорирани линкови

Маркетинг