Момчето со маска, но без маица, ги натерало срцата на балканските дами да отчукуваат побрзо.
Момчето без маица кое што било снимено на протестите во Белград, ги освоило срцата на балканските дами. Фотографијата од извајаното момче со маска, од вторникот навечер се споделува на социјалните мрежи, а жените воздивнуваат по ''Аполон'', кој што се појавил таму.
Згодното момче по кое што воздивнуваат девојките се вика Немања, тој е фитнес тренер, а на социјалните мрежи го следат над 17.000 луѓе.
Неговиот Инстаграм профил изобилува со фотографии од теретана, но тоа што ќе ги разочара младите дами е тоа што тој е ''резервиран''.
Имено, Немања редовно поставува фотографии со неговата сакана која што исто така активно се занимава со фитнес.
Дека навистина е среќен во својата љубовна врска докажува и статусот кој што го поставил покрај нивната заедничка фотографија:
„05.01 и нашата прва заедничка фотографија, мојата дефинитивно најдобра одлука во животот. Не беше од главата туку од срцето и сите вие кои што не верувате во љубов, кои што сте разочарани и сте направиле ѕидови околу вашето срце, треба да знаете дека без ризик нема успех.
Мал ризик, мала добивка, огромен ризик, огромна добивка. За искрена љубов мора многу да ризикувате, а нешто најубаво на светот е искрена љубов и тоа што се раѓа од истата“ - напишало згодното момче во описот на фотографијата.