Девојка со Даунов синдром стана модел на “Gucci”

Кармин

01/07/2020

15:19

1.523

Големина на фонт

а а а

Откако фотографиите на Ели Голдштајн кон почетокот на овој месец се појавиле во италијанскиот “Vogue”, за неа се заинтересирал и брендот “Gucci”. Со тоа, Ели станала првиот модел со Даунов синдром на овој моден бренд.

Кога “Gucci” објавил нејзина фотографија на Инстаграм, набрзо добила повеќе од 800.000 лајкови. Имено, модната куќа ја ангажирал Голдштајн за рекламна кампања за маскара. 

Нејзината мајка Ивон вели дека е многу горда на својата ќерка која од 2017 година е член на агенцијата “Zebedee Management” која претставува модели со инвалидитет.

“Таа отсекогаш сакала да биде во центарот на вниманието и пред камерите, така што е прилично самоуверена и сака да слуша совети”, изјавила Ивон.

Ели моментално посетува курс по уметност на колеџот во Редбриџ.

“Навистина уживав да бидам модел и ми се допаѓаше што носев фустан од “Gucci”. Горда сум на фотографиите и би сакала да станам позната. Се радувам и на соработката со други брендови”, изјавила Ели.

Како што вели нејзината мајка, таа уште од 5 години започнала да посетува часови по глума и танц. Оние кои ја познаваат велат дека е прекрасна личност која е многу професионална и внесува радост во секоја просторија.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk