Мајката на Новак ''скршена'' поради нападите: „Страшно е тоа што му го прават на син ми! Како одвај да дочекаа“

Кармин

24/06/2020

12:06

2.117

Големина на фонт

а а а

Бидејќи Новак и Јелена Ѓоковиќ објавија дека се позитивни на коронавирусот, мајката на најдобриот тенисер на светот, Дијана, вели дека се чувствува добро.

Новак моментално е на удар на светските медиуми поради организацијата на тенискиот турнир, а светската јавност е безмилосна откако Григор Димитров ја обелодени вистината дека е позитивен на коронавирусот.

„Сите се чувствуваме добро, и тие двајца. Тоа што Новак е позитивен на вирусот не значи дека е болен.

Тој е млад и здрав човек, па така полесно го поднесува тоа. Меѓудругото, бидејќи вирусот ја има загубено својата моќ, нема некои сериозни последици по заразените“ - вели Дијана, мајката на Новак и додава дека сепак и таа се тестирала на коронавирусот бидејќи била во контакт со својот син.


„Ние се тестиравме поради тоа што бевме таму, но негативни сме, како и децата на Новак и Јелена, и тие се негативни. Сите се чувствуваме добро и на сите им посакуваме здравје“.

Таа исто така ги искоментирала и нападите од светските медиуми кон Новак поради организирањето на турнирот затоа што го сметаат за главен виновник за ширењето на вирусот.

„Многу е страшно тоа што го пишуваат, но на тоа навикнавме. Како одвај да го дочекаат тоа. Нив очигледно Новак им пречи“ - заклучила Ѓоковиќ. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk