Ева Лонгорија ја открила вистината за фустанот со длабоко деколте кој Кан добро го запомни

Кармин

27/05/2020

10:23

2.918

Големина на фонт

а а а

Доколку светот не беше погоден од пандемијата на коронавирусот, овие денови холивудските ѕвезди ќе продефилираа на црвениот тепих на Канскиот фестивал.

45-годишната Ева Лонгорија се присетила на Инстаграм на овој гламурозен настан од 2006 година, кога се појави на премиерата на филмот “Pan’s Labyrinth” на Гиљермо дел Торо и ја откри вистината за тоалетата која ја носела. 


Американската актерка тогаш носеше светкав фустан со цветни апликации и исклучително длабоко деколте кое всушност требало да биде на грбот.

Имено, Ева на брзање погрешно ја облекла креацијата и така излегла од хотелот.

“Смешна е приказната за овој фустан. Слетав во Кан и мојот багаж (заедно со тоалетата) не пристигна! Пристигнав во хотелот и од “L’Oreal” ми најдоа фустан во последната минута. Имав помалку од 30 минути пред црвениот тепих, така што го облеков и истрчав од соба! Како што излегов од автомобилот пред илјадници фотографи кои викаа, го видов стилистот како трча по мене, викајќи “си го облекла наопаку!!!”. Да, овој фустан е наопаку облечен и не можев ништо да сторам во врска со тоа. Длбаокиот израз беше осмислен да биде на грбот”, напишала Лонгорија во описот на фотографијата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk