Повеќе не се кријат: Игор Џамбазов повторно заљубен!

Точка

25/05/2020

23:03

23.746

Големина на фонт

а а а

Водителот, шоумен, актер и музичар, Игор Џамбазов, деновите во карантин ги поминува во Дојран.

Друштво му прави и планинарката Илина Арсова со која Џамбазов е неразделен, а за тоа дека помеѓу нив има нешто повеќе од пријателство покажуваат фотографиите кои што и двајцата ги објавуваат на социјалните мрежи.

Токму и фотографијата која денеска Игор ја објави на неговиот профил на Инстаграм кажува многу.

„Ние младите денес празнуваме“, стои во описот на фотографијата.

Под фотографијата се најде коментарот и на актерката Весна Петрушевска-бејби, која е долгогодишна пријателка на Џамбазов.

„Кумава ќе дојде само да заврши локдаунов…“, напиша Петрушевска.

Дали оваа љубов ќе биде крунисана со брак, па Весна навистина ќе им биде кума, останува времето да покаже.




Спонзорирани линкови

Маркетинг