Таа е најмладата милијардерка на светот, а нејзините пари ќе ги искористи во ‘спасување на светот од коронавирусот’

Кармин

03/04/2020

11:26

3.603

Големина на фонт

а а а

Кајли Џенер, која што има само 22 години, како што знаеме е најмладата милијардерка на светот.

Таа сега одлучила да го искористи своето козметично царство и да помогне во спречување на ширењето на коронавирусот во Калифорнија.

Кајли донирала 1 милион долари минатата седмина, за да помогне во опремување на болниците со потребни препарати и на докторите на кои што им е потребна заштитна опрема, меѓутоа тука не е крајот на нејзината донација.

„Ќе произведуваме асперол и ќе се посветиме да ја поддржиме нашата заедница“ – наведува таа во соопштението.

Исто така, Кајли минатата седмица ги замолила своите фанови да останат во своите домови и да не се гледаат со никој за да помогнат во борбата со коронавирусот и да го спречат неговото ширење.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk