Сè додека редовно ги чистите овие 10 работи, немате причини за грижа од зараза

Кармин

25/03/2020

11:52

10.704

Големина на фонт

а а а

Топлата вода и сапунот или детергентот со леснотија ја отстрануваат нечистотијата и се доволни за отстранување на поголемиот дел микроби.

Меѓутоа, во вакво време на пандемија или доколку во домот живеете со лица со слаб имунитет, сигурно ќе сакате да ја зголемите хигиената.  

Домашната дезинфекција можете да ја направите со обично евтино дезинфекциско средство. Направете го сами така што ќе измешате избелувач (хлор) со обична вода и тоа во размер – 3 лажички избелувач на 4 литри вода.


Водете грижа да не ставате ништо повеќе во овој раствор, особено не оцет или амонијак! Можете да користите и раствор од алкохолен оцет или хидроген пероксид – или едно или друго – растворено во вода во сличен размер. Но, напоменуваме – никако не мешајте оцет со хидроген!

Ставете го растворот во шише со распрскувач и задолжително отворете ги прозорците пред да започнете со чистење. Попрскајте ги површините кои сакате да ги дезинфицирате и оставете да отстојат 3 до 5 минути. Потоа пребришете со вода и оставете да се исуши или избришете со сува крпа.

Задолжително применете ги и следниве мерки на претпазливост:

- ако користите куповна течност за дезинфекција, внимавајте да не го вдишувате нејзиното испарување.

- ако ги чистите работните површини во кујната, не ставајте храна на нив пред тие да бидат потполно суви.

- припремете и крпи за бришење кои можете веднаш да ги ставите во машина за перење и да ги исперете на програм со висока температура.


Ако морате да излегувате од домот, по враќањето задолжително пребришете ги следните предмети:

1. Кваките на вратите и прекинувачите за светло

2. Рачките од чантата и детските ранци

3. Гелендерот и оградата на терасата

4. Закачалките за облека

5. Фиксниот и мобилниот телефон

6. Далечинскиот управувач за телевизор

7. Клучевите и привезоците

8. Рачките од чадорите и нивните футроли

9. Ракавиците – ако е можно користете ракавици кои се перат

10. Паричниците и несесерите


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk