За нејзиниот настап допрва ќе се зборува: „Одбројувањето започна... Дали сте подготвени?“

Кармин

27/01/2020

15:55

5.323

Големина на фонт

а а а

Пејачката Џенифер Лопез (50) на Инстаграм сподели видео на кое се подготвува за настапот на Супер Боул.

На снимката се гледа како Џеј Ло со раката на земја “чека знак“ за почетокот на својот настап. Набрзо потоа скокнува од земјата и почнува да игра.

„Стојам овде на почетната линија и чекам знак за почеток“, рекла Џенифер во видеото.

Пејачката под видеото напишала: „Чекам знак за почеток... уште 10 дена до #SuperBowlLIV! Одбројувањето започна, дали сте спремни?“

Латино дивата на полувремето на Супер Боул сцената ќе ја дели со латино колешка, пејачката Шакира.

Двете латино диви првпат во својата кариера ќе настапуваат заедно и токму затоа ветуваат спектакл. Кога Џенифер објвави дека токму тие две ќе настапуваат на Супер Боул, истакнала дека е горда на организаторите што за нивното шоу избрале две силни латино жени. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk