Фантомски потег: Бразилски голман го измами судијата со итра реакција и стана вирален хит

Дерби

14/11/2019

09:48

2.168

Големина на фонт

а а а

Натпреварот меѓу Понте Прета и Фигуиренсе стана топ тема во бразилската спортска јавност во изминативе 48 часа, од едноставна причина што едно видео од оваа пресметка стана вирален хит на социјалните мрежи.

Гостите победија со 1:3, но она што се случи во самата завршница на средбата е нешто што дефинитивно се гледа многу ретко во фудбалот. Имено, голманот на Фигуиренсе со еден итар потег успеа да го измами главниот судија, но и неговиот помошник, па така тоа што требаше да биде чист гол, се претвори во фантомска реакција која се гледа еднаш во неколку години.

Кога топката ја мина гол линијата, Пегорари реагираше од надворешниот дел од мрежата и со својата реакција го принуди судијата да мисли дека топката не влезе во голот, а со оглед на тоа што нема ВАР во ова првенство, голманот на Фигуиренсе успешно го приведе до крај она што го започна и добро го „насанка“ главниот арбитар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг