Актерката која боледува од неизлечива болест го покажала новиот изглед

Точка

11/11/2019

15:29

2.317

Големина на фонт

а а а

Дијагнозата за болеста, 47-годишната актерка Селма Блер ја добила пред една година, а во 2011 година започнале да ѝ се појавуваат симптомите откако го добила синот Артур.

Блер се бори со мултипла склероза, за чие лекување се подложила на терапија со матични клетки која покажала добри резултати. Моментално таа со помош на хемотерапијата се обидува да го забави развојот на оваа неизлечива болест. 

Поради хемотерапијата, Селма ја изгубила косата, но на Инстаграм неодамна се пофалила дека таа започнала повторно да ѝ расте.

“Еве за сите следбеници кои сакаа одблизу да погледнат како напредува растот на косата. Се ишишав за јас, но и мојот син да може да се навикне на фактот дека ќе бидам ќелава. Ќелавоста брзо дојде, секое влакно ми падна. Главата ми беше чудна, блескава и бледа”, напишала актерката.

Два месеци по крајот на хемотерапијата, нејзината коса повторно почнала да расте, но таа не била задоволна со нејзиниот изглед па сама се избричила. Причекала повторно малку да порасне, а потоа ја офарбала во црна нијанса, каква што ѝ беше поголем дел од животот.

“Брзо сфатив дека враќањето на црната боја не е добра идеја. Неколку потези со ножиците и неколку недели по бричењето изгледам вака...”, напишала актерката под фотографијата со кратката и природно седа коса.

Селма вели дека одлучила да ја прифати седата, но и кратка коса, за која никогаш не би се одлучила доколку болеста не ја “присилила” на ваквиот потег.



Спонзорирани линкови

Маркетинг