„Тоа беше смртна пресуда, докторот ми кажа дека имам уште 10 години живот“: Актерката за животната борба со страшната дигајноза од која излегла како победник

Точка

09/09/2026

09:08

396

Големина на фонт

а а а

На Памела Андерсон ѝ беше доделена наградата за храброст на „amfAR“ во неделата вечерта во Венеција. Оваа непрофитна организација е посветена на борбата против епидемијата на ХИВ и СИДА.

Кога на Памела Андерсон ѝ беше дијагностициран хепатитис Ц кон крајот на деведесеттите години, немаше лек. Во говорот на гала вечерата на „amfAR“ во Венеција, ѕвездата на „Baywatch“ се потсети на тој период.


„Тоа беше смртна пресуда. Докторот ми рече дека веројатно ми остануваат уште десет години живот“, рекла таа, па додала: „Сигурна сум дека тоа влијаеше на моите одлуки. Не беше страв од смртта, туку страв за моите мали деца. Мојот живот целосно се промени“.

Лек за таа вирусна инфекција беше пронајден на почетокот на 2010-тите, а до 2015 година, Андерсон беше излечена, иако ги потроши сите свои заштеди на терапија, пишува „Variety“.

Во неделата вечерта во Венеција, ѝ беше доделена наградата за храброст на „amfAR“. Оваа непрофитна организација е посветена на борбата против епидемијата на ХИВ и СИДА, а исто така финансира и истражувања за хепатитис Ц, што е честа коинфекција кај луѓето со ХИВ.


Од дијагноза до враќање на местото на настанот

„Моето искуство со срам и вина беше исто така несвесен процес. Останува со мене“, рекла Андерсон, па додала: „Исто како што поради сексуалната злоупотреба што ја претрпев како дете, се чувствував како „оштетена стока“. И така се претставив себеси.“

Иако вели дека сè уште не се опоравила целосно од шокот од дијагнозата, искуството ја поттикнало да се врати на глумата. 


„Ја пронајдов мојата вистина преку работата и барав начини да се изразам преку уметноста. Ова ми даде сила и исполнет живот во кој можам да создавам“, рекла таа.

„Јас не сум жртва, јас сум победник. Јас сум силна и способна, повеќе отколку што некогаш би можела да сонувам. Јас не сум дама во неволја, без разлика колку е лесно да се игра таа улога“, заклучила актерката.